Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 7.084 тестирањe, а регистрирани се 1.210 нови случаи на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје – 464, а потоа со троцифрени бројки следуваат Тетово – 177 и Гостивар – 112. Двоцифрени бројки новозаразени има во Куманово – 98, Струмица - 55, Кичево – 48, Битола – 32, Струга – 29,Кавадарци – 26, Радовиш – 15, Велес – 14, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 13, Прилеп – 12, Делчево и Кратово – по 11, Македонски Брод – 10. Во неколку други градови има по едноцифрена бројка новозаразени.
Пријавени се 32 починати лица. Меѓу нив најмладиот е 32 годишник од Делчево, а највозрасниот на 79 години од Куманово. Починати има и на 45,47 и 48 години. Од вкупно пријавените, едно лице е починато во домашни, а останатите 31 лице се починати во болнички услови.
За истиот период регистрирани сe 451 оздравени пациенти. Со ова вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 170.412, бројката на оздравени пациенти е 152.916, на починати е 5.727, а бројот на активни случаи изнесува 11.769.