Четири лица отруени со домашна водка во Русија

Најмалку четири белоруски државјани починаа поради труење со домашно произведена водка, а уште четворица се хоспитализирани во руската болница во северозападниот град Карлеја. Министерот за здравство на Керлија, Михаил Охлопков денеска изјави дека хоспитализираните пациенти се во сериозно лоша здравствена состојба откако пиеле домашно произведена водка.

Надлежните соопштија дека во тек е истрага за инцидентот со труење . Локалните медиуми повикувајќи се на извори во истрагата јавуваат дека најверојатно домашно произведената водка содржела метанол, наместо обичен алкохол или етанол.

Алкохол со метанол од Чешка стигна и во Полска

Труењето со домашно произведен алкохол е честа појава во Русија. Во декември 2016 година вкупно 78 луѓе починаа во и околу сибирскиот град Иркутск, откако пиеле лосион за бањи со мирис кој содржел метанол.