Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен денеска најави дека значително ќе биде зголемена хуманитарната поддршка за Авганистанците. Од досега предвидената помош во вредност од 50 милиони евра ќе биде зголемана на повеќе од 200 милиони евра.
„Оваа хуманитарна помош ќе биде на врвот на придонесите на земјите -членки на Унијата за помош на народот во Авганистан“, напиша фон дер Лејен на Твитер.
Таа додаде дека дополнителната поддршка ќе биде објавена на самитот на Г7 подоцна во текот на денот. Фон дер Лајен посочува дека помошта ќе биде од корист за луѓето во Авганистан, но и за бегалците.
Последното упориште на анти-талибанците пред неизвесна иднина
На денешниот видео состанок на лидерите на САД, Германија, Франција, Британија, Италија, Јапонија и Канада една од темите ќе и очекуваниот тек на настаните во Авганистан по преземањето на контролата од Талибанците и активностите за помош на населението.