Масовни гробници на жртви на режимот од советскиот диктатор Јосиф Сталин од 1930 година се пронајдени во Украина. Украинските власти соопштија дека досега се пронајдени 29 масовни гробници во околината на локалитетот именуван како Татарка во пристанишниот град Одеса.
Локациите на гробниците биле пронајдени откако историчарот Олександар Бабич пронашол документи во романски архиви за масовни погубувања во периодот околу 1930 година во Одеса. Во овој момент, се работи на утврдување на точниот број на мажи и жени погребани во масовните гробници.
Историчарите веќе велат дека местото може да биде едно од најголемите од ваков вид во Украина. Засега нема податоци за точниот број на жртви од „големите чистки“ на Јосиф Сталин.
Во Русија се интензивира репресијата врз опозицијата, што следува?
Според податоците од Меморијалниот центар за човекови права во Москва, најмалку 12 милиони невини луѓе биле затворени или погубени во Советскиот Сојуз помеѓу 1930 -тите и 1950 -тите години.