Германија е во преговори со Соединетите држави, Турција и другите партнери за да го задржи аеродромот во Кабул отворен за евакуација и по 31 август, датумот што Вашингтон го предвиде да го заврши повлекувањето од Авганистан. „Треба да ги продолжиме разговорите со Талибанците, бидејќи тие сигурно ќе имаат посебна улога во функционирањето на аеродромот по повлекувањето на американските војници“, рече шефот на германската дипломатија Хајко Мас.
Талибанците против одложување на повлекувањето на западните сили
На аеродромот во Кабул, единствениот излез од Авганистан, се води трка со времето итно да се евакуираат странците. Мас рече дека ситуацијата е „сѐ уште опасна“ и сѐ повеќе хаотична и ги советуваше луѓето да не се обидуваат да одат таму сами. Германските војници ги разгледуваат и ги спроведуваат сите можни опции за евакуација на Германците и Авганистанците кои бегаат од Талибанците, рече тој.
Претседавачот на ЕУ Словенија вели дека Унијата нема да прифаќа авганистански мигранти
Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан пак оцени дека е „неопходно“ да се продолжи рокот за евакуации што се изведуваат во хаос. Мас рече дека се водат разговори со соседите на Авганистан, како што се Узбекистан, Пакистан, Индија и Таџикистан, така што Авганистанците што Берлин прифаќа да ги преземе, можат копнено да одат во амбасадите на тие земји за да поднесат барање за виза.