Вакцината Фајзер целосно одобрена во САД

Американската Агенција за храна и лекови(ФДА) ја одобри употребата на вакцината против ковид-19 на Фајзер и нејзиниот германски партнер БиоНТех. Вакцината е одобрена за лица на возраст од 16 години нагоре.

„Одобрувањето на оваа вакцина од страна на ФДУ е пресвртница додека продолжуваме да се бориме со пандемијата на ковид-19“, се наведува во соопштението на в.д. комесарот на ФДУ, Џенет Вудкок.

Одобрувањето од ФДА може дополнително да влијае на довербата во вакцината се наведува со соопштението.

Вакцината „Фајзер“ беше одобрена за итна употреба во декември. Во САД повеќе од 204 милиони луѓе веќе се вакцинирани со оваа вакцина.

Во Соединетите Држави три вакцини се одобрени за итна употреба, но ниту една претходно не доби целосна согласност од ФДА.

За итна употреба се одобрени и вакцините на Модерна и на Џонсон и Џонсон.