Чешкиот премиер Андреј Бабиќ денеска оцени дека е погрешно и лошо изведено повлекувањето на војниците на НАТО од Авганистан и дека тоа може да го зголеми притисокот врз балканската бегалска рута.
"Ненадејниот пад на авганистанската влада предизвика катастрофална ситуација која се заканува да прерасне во масивна бегалска криза. Заминувањето на трупите на НАТО, за кое верувам дека беше грешка и пред се погрешно спроведено може да го зголеми притисокот врз балканската миграциска рута, која е опасна за нас “, рече Бабиш пред чешките амбасадори во Прага.
- Банките во Кабул затворени, цените на храната растат
- Македонците „гласни“ околу пристигнувањето на Авганистанците
Тој повторно ја критикуваше Европската Унија за одложување на проширувањето со Западен Балкан, тема што е меѓу главните приоритети на чешкото претседателство со ЕУ следната година.
„Неспособноста на ЕУ да се согласи да започне преговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија ја гледам како голема грешка“, изјави Бабиш.
Во 2019 година, Франција не дозволи почеток на преговори на Европската Унија со Северна Македонија и Албанија, со барање за ревизија на методологијата во процесот на пристапување. Тоа беше направено, но на самитот во декември минатата година, Софија стави вето за Скопје, тврдејќи дека меѓу двете земји постојат прашања кои не се решени.