УНИЦЕФ деновиве го објави новиот извештај „Климатската криза е криза за правата на децата: Воведување индекс на ризик за климата кај децата“. Извештајот открива дека скоро секое дете на Земјата веќе е изложено на барем една климатска и еколошка опасност, како што се поплави, топлотни бранови, недостаток на вода, суша, циклони и загадување на воздухот. И приближно милијарда деца-речиси половина од 2,2 милијарди деца во светот-живеат во една од 33-те земји класифицирани како „екстремно високоризични“.
Извештајот на ОН за климатските промени- црвен сигнал за човештвото
Овие деца се соочуваат со непожелна комбинација на изложеност на повеќекратни климатски и еколошки шокови со голема ранливост поради несоодветните основни услуги, како што се вода и санитарни услови, здравствена заштита и образование. За решавање на климатската криза и заштита на децата од најлошите влијанија, УНИЦЕФ ги повикува владите, бизнисот и релевантните актери да ги зголемат инвестициите во адаптација на климата и издржливост во клучните услуги за деца и да ги намалат емисиите на стакленички гасови.