Путин бара да се спречи доаѓањето на борците маскирани како бегалци од Авганистан

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека треба да се спречи доаѓањето на бегалците од Авганистан, меѓу кои може да се кријат „маскирани борци“, по преземањето на земјата од страна на Талибанците. На состанокот со претставници на владејачката партија Единствена Русија, Путин рече дека западните партнери инсистираат на прифаќање на бегалци во земјите од Централна Азија додека не добијат виза за САД или други земји. „Но, кој може да се скрие меѓу овие бегалци, како да знаеме“, се прашува тој, проценувајќи дека стотици или стотици илјади, па дури и милиони луѓе можеби ќе сакаат да го напуштат Авганистан.

Евакуирани лица од Авганистан пристигнаа во Таџикистан и Узбекистан

Неколку поранешни советски републики во Централна Азија ја делат границата со Авганистан и Русија. Русија „не ги сака тие елементи од Авганистан или други земји“, рече рускиот претседател и потсети дека неговата земја со години се бори со екстремистичките герилци на Кавказ. Авганистан денеска ќе биде на дневен ред на онлајн самитот на Организацијата за договор за колективна безбедност (ЦСТО), воена алијанса која собира неколку поранешни советски републики, предводени од Русија. Во петокот Путин оцени дека е важно да се спречи инфилтрација на терористи од соседните земји на Авганистан, вклучително и оние кои се претставуваат како бегалци.