Американскиот претседател Џо Бајден рече дека 11.000 луѓе биле евакуирани од Кабул викендов, а 28.000 од 14 август. Бајден додаде дека неговиот прв приоритет е да ги повлече американските граѓани од Авганистан „што е можно побрзо и безбедно“. „Работиме напорно за да ги извлечеме луѓето. Тоа е нашата мисија. Тоа е нашата цел“, рече Бајден во обраќањето од Белата куќа. Тој, исто така, рече дека ја активирал резервната цивилна флота, која ја обезбедуваат комерцијалните авиокомпании, за да помогне во пренесувањето на евакуираните луѓе во САД од некоја трета земја, каде што прво пристигнале од Авганистан.
Улиците на Кабул блокирани, илјадници се упатуваат кон аеродромот
Бајден наведе дека се уште се надева оти операциите за евакуација од Кабул ќе можат да бидат завршени пред 31 август, датумот што го одреди неговата влада за целосно повлекување на американските војници од Авганистан. „Се надеваме дека нема да мораме да продолжиме“, рече американскиот претседател, иако остави можност тоа да се случи. „Мислам дека ќе има разговори“, додаде тој. На новинарско прашање што би направил ако сојузничките држави побараат од САД да останат таму подолго, Бајден одговори: „Ќе видиме што можеме да направиме“.
Убиени седуммина Авганистанци во хаосот при обидите да избегаат од Кабул
Меѓутоа, претставник на талибанците денеска изјави дека странските сили во Авганистан не треба ни да се обидат да го продолжат рокот 31 август што го одредија за напуштање на земјата.