Русија: Над 20 илјади нови случаи на коронавирус, 762 починати

Болница во Санкт Петербург.

Русија денеска пријави 20.564 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на национално ниво се искачи на 6.747.087.

Новите бројки вклучуваат 1.661 нови случаи во Москва и 1.481 во Санкт Петербург.

Руската работна група за коронавирусот соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени уште 762 смртни случаи од пациенти заразени со коронавирус, со што официјалниот број на починати се искачи на 176.044.

Владината статистичка агенција Росстат води посебен преглед од работната група за пандемијата и вели дека има регистрирано околу 315.000 смртни случаи поврзани со Ковид-19 во периодот помеѓу април 2020 година и јуни оваа година.

Според извештаите на Ројтерс врз основа на најновите податоци на Росстат, Русија пријавила околу 463.000 смртни случаи од април 2020 година до јуни оваа година, бројка во која не се само починатите од ковид.

Но, некои епидемиолози велат дека вишокот смртни случаи се најдобриот начин за мерење на вистинскиот број на жртви од Ковид-19.