Во изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани нови 1.250 случаи на коронавирус, а 22 луѓе починале, информира Министерството за здравство. Направени биле 8.192 тестирања.
Најмногу нови случаи има во Скопје – 421, во Тетово има 133, Гостивар 192, Струмица 67, Куманово 80, Кичево 62, Струга 53...
Пријавени се 22 починати лица: по 4 починати лица од Скопје (51,66,69, и 72), и Тетово (38,71,72 и 77), 3 починати лица од Гостивар (57,72 и 80г), по 2 починати лица од Охрид (69 и 85), Струга (66 и 73), Кичево (47 и 83) и Дебар (67 и 84), по едно починато лице од Куманово (64), Велес (47) и Валандово (76г).
Од пријавените починати, 21 лице се починати во болнички услови, едно лице е починато во домашни услови.
Регистрирани сe 265 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 167.991 бројката на оздравени пациенти е 151.957, на починати е 5.654, а бројот на активни случаи изнесува 10.380.