Американското регулаторно тело за лекови се очекува следната недела целосно да ја одобри вакцината со две дози на Фајзер-БиоНТех, објави Њујорк Тајмс.
Одобрувањето од страна на Администрацијата за храна и лекови (ФДА), кое може да биде направено на 23 август, може да убеди повеќе невакцинирани Американци да ја примат вакцината, а исто така локалните власти, бизниси и организации да можат полесно да ја спроведуваат задолжителната вакцинација.
Досега, вакцината на Фајзер, како и другите две достапни во САД на производителите Модерна и Џонсон & Џонсон, добија само итно одобрување.
Очекуваното соопштение доаѓа откако администрацијата на Бајден оваа недела ги изнесе плановите за засилувачки дози во САД уште во септември, врз основа на загриженоста за намалена ефикасност на вакцините со текот на времето и поради делта варијантата на коронавирусот.
Целосното одобрување на Фајзер исто така официјално ќе го отвори патот за давање на трета доза.
Израел пред две недели започна со давање на трета засилувачка доза од вакцините на Фајзер за стари лица и други ризични групи, откако имаше загрижувачки пораст на инфекции и хоспитализации кај целосно вакцинираните.
Премиерот Нафтали Бенет на 20 август прими трета засилувачка доза, откако земјата започнува да ги администрира на луѓе на возраст од 40 иповеќе години, во услови на раст на инфекции.