Новиот бран на инфекции предизвикани од делта сојот на коронавирусот ги преоптовари болниците во Тетово и Гостивар, Кичево и делумно во Струга, изјави министерто за здравство Венко Филипче посочувајќи дека за сите пациенти има доволен болнички капацитет, а дека директорите на тетовската и гостиварсакта болница се во постојана комуникација и дека секој пациент на кој му е потребно болничко место по претходна најава се праќа во Скопје.
„Тука е целосно исполнета инфективната клиника, заедно со модуларната. Над 130 пациенти се веќе хоспитализирани, Институтот за туберкулоза и од денеска почнува да работи и болницата за рехабилитација во Козле, каде што има 120 кревети снабдени со централен довод на кислород, изјави Филипче.
Тој посочи дека на секој пациент му се пружа максимална грижа, но посочи дека и многу пациенти доаѓаат касно, каков што бил примерот од изминатите неколку денови кога имало случаи со 40-50 проценти сатурација на крвта.
Во изминатиов период од почетокот на август, расте бројот на заразени со коронавирусот, а последниве денови има над 1.000 инфекции дневно и висок број на починати лица. Само во имзинатото деноноќие имаше 24 починати.
„Нешто под осум проценти од сите починати се вакцинирани и тука зборуваме за целосно вакцинирани. Меѓутоа, тоа се луѓе кои и се постари и имаат навистина сериозни комордбилитети, изјави Филипче.
Тој на новинарско прашање изјави дека смртноста не се должи на фактот што матичните лекари немаат јасно дефинирани протоколи за лекување: „ матичните лекари имаат протоколи и јасно е кои пациенти треба да се лекуваат во домашни услови и кои во болнички“, вели Филипче.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 166.741, бројката на оздравени пациенти е 151.692, на починати е 5.632, а бројот на активни случаи изнесува 9.417.