Протести и апсења во Австралија поради ковид рестрикциите

Демонстранти маршираат низ улиците на Мелбурн за време на собирот против ковид мерките на 21 август 2021 година.

Австралиската полиција денеска уапси стотици демонстранти кои протестираа против новите блокади во Мелбурн и Сиднеј, а во судирите беа повредени седум полицајци, пренесува Ројтерс.

Полицијата на коњи во Мелбурн употреби бибер спреј за да растера толпа од околу 4.000 луѓе кои се упатија кон кордонот, додека во Сиднеј помали групи беа спречени да се спојат.

Полицијата на австралиската држава Викторија соопшти дека во Мелбурн се уапсени 218 лица и дека се изречени 236 парични казни, додека три лица се задржани во притвор поради напад врз полицијата.

Уапсените се соочуваат со казни од по 3.900 долари за кршење на забраната за јавни собири.

Полицијата на Нов Јужен Велс, чиј главен град е Сиднеј, објави дека 47 лица се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир или за пружање отпор при апсење, како и дека се изречени повеќе од 260 казни во износ од 35 до 3.000 долари.

Според полицијата, околу 250 луѓе успеале да влезат во градот за да протестираат.

Повеќето од 894 заразени лица се регистрирани во изминатите 24 часа се во Сиднеј, град кој е епицентарот на епидемијата на делта сојот на коронавирусот.

Од почетокот на пандемијата во Австралија, заразени од вирусот се повеќе од 43.000 луѓе, а 978 лица починаа, што е релативно ниска стапка во споредба со другите развиени земји.