Министерството за здравство во двонеделната анализа за вакцинирани од позитивни случаи со Ковид 19, што ја објави денеска, наведува дека во период од 06.08 до 19.08.2021 на територија на државата 9881 граѓанин се позитивни на Ковид 19, а од нив само 15 отсто биле целосно вакцинирани, односно 1507 лица. Невакцинирани од новозаразените биле 8374 граѓани.
„Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 91 отсто, додека само девет отсто од сите 724 моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема. Во период од две седмици на територија на државата починало 101 лице од Ковид 19, 92 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само девет односно осум отсто од починатите примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе хронични заболувања“, наведуваат од Министерството за здравство.
Од таму пишуваат и дека за вакцинирани се сметаат лицата кои се примиле две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.