Нови антиковид мерки за влез во Црна Гора- не важат за државјаните од регионот

Граничен премин меѓу Црна Гора и Албанија

Границите на Црна Гора остануваат безусловно отворени за држвјаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Србија и Македонија, како и за црногорските државјани кои доаѓаат од тие земји, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Црна Гора. На новинарско прашање која е епидемиолошката логика да се дозволува влез од овие земји во кои исто така е во пораст бројот на новозаразени Милена Липовина Божовиќ од Министерството за економски развој рече дека во моментов не постои значаен епидемиолошки ризик од тие држави, а дека поради туристичката сезона економскиот бенефит е голем.

За влез од останатите држави патниците треба да имаат доказ дека се вакцинирани против ковид19, да имаат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, да го прележале вирусот или да имаат брз антигенски тест исто така не постар од 72 часа. Ако не поседуваат ниту еден од тие четири докази ќе бидат упатени во 14 дневна самоизолација која може да ја прекинат шест дена по влегувањето во Црна Гора ако имаат негативен ПЦР тест.

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје вчера во таа земја имало регистрирано 532 новозаразени со ковид19, починале пет лица.