ГЕРБ го доби и го врати мандатот за состав на бугарска влада, следни се БСП

Даниел Митов и други преставници на ГЕРБ пред да ја добијат можноста да формираат влада го преставија предлог владиниот кабинет и потоа веднаш му го вратија мандатот на претседателот Румен Радев

Бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот за состав на бугарска влада на Даниел Митов од ГЕРБ, партијата која е втора по големина според претставниците во националното собрание. Но, како што беше и претходно најавено, Митов веднаш му го врати мандатот на Радев откако еден час пред да го добие го престави својот предлог кабинет.

Пред мандатот да го добие партијата која ја предводи поранешниот премиер Бојко Борисов, шансата да формира влада ја имаше партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ која освои најолем број пратеници. Тој без да се консултира со другите парламентарни партии кои се очекуваше да го поддржат предложи кабинет, но откако сите изразија забелешки „Има таков народ“ воопшто не го достави својот предлог во Собранието на гласање.

Во Бугарија сега имаа техничка влада што ја формираше Радев по изборите во април годинава, кога ниту една партија не успеа да формира влада. Потоа беа закажани уште едни, вонредни, парламентарни избори, на 11 јули, но Бугарија сè уште не може да формира влада.

Третиот мандат ќе биде доделен на Бугарската социјалистичка партија (БСП), чија претседателка Корнелија Нинова претходно најави дека ќе се обидат да формираат влада и по добивањето на мандатот ќе почнат консултации „Демократска Бугарија“ и „Исправи се Бугаријо! Ние доаѓаме“, бидејќи со трите партии имаат заеднички основа на која може да ги дефинираат приоритетите и политиките на новата власт. Но, таа вели и дека БСП не се откажала од идејата техничкиот владин кабинет да стане редовна влада.