Човекот кој се закани со бомба кај Капитол Хил ѝ се предаде на полицијата

Полицијата блокираше улица за време на истрага за можна закана за бомба во близина на американскиот Капитол хил и Конгресната библиотека во Вашингтон, на 19 август 2021 година.

Човекот кој вчера се закани со бомба во близина на Капитол Хил во Вашингтон ѝ се предаде на полицијата која со него преговарала со него неколку часа. Осомничениот „излезе од возилото и се предаде“, им рече на новинарите началникот на полицијата на тој дел од Вашингтон, Томас Мангер. Според него, маж чиј идентитет не се откри бил уапсен без инциденти. Шефот на полицијата додаде дека се уште се утврдува дали воопшто имало експлозив во возилото на осомничениот.

Полицијата испитува „закана од бомба“ во близина на Капитол хил


Конгресот оваа недела не заседава, но персоналот оди во Капитол Хил кој е под строга безбедност од упадот на приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Конгресот на 6 јануари оваа година.