Вториот мандат за формирање влада на Бугарија претседателот Румен Радев денеска ќе ѝ го предаде на втората по големина парламентарна група во 46. Национално собрание – Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ). Од ГЕРБ претходно изјавија дека веднаш ќе го вратат мандатот, но сепак ќе претстават состав на Министерскиот совет. Даниел Митов повторно ќе го прифати и ќе го врати досието на претседателот. Според лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, партијата ќе претстави премиер и кабинет за да можат другите да се споредуваат.
„Има таков народ“ нема да поддржи влада од трет мандат во Бугарија
Победничката партија на последните парламентарни избори во Бугарија, што се одржаа на 11 јули, „Има таков народ“ со своите 65 пратеници веќе е во опозиција, изјави деновиве нејзиниот лидер Слави Трифонов, наведувајќи дека „Има таков народ“ се обидела да направи малцинска влада, што бугарскиот Устав тоа и го дозволува.
Бугарија ја бранува видео снимка на полициска бруталност
Ова беа втори предвремени избори во Бугарија оваа година, но и по нив не можеше да се формира влада. Трифонов предложи кабинет, но другите парламентарни партии се изјаснија дека нема да го гласаат оти не биле консултирани претходно. Потоа Трифонов одлучи воопшто да не го достави до собранието неговиот предлог.