Нови 1.158 заразени со ковид и 19 починати

Вакцинација против ковид-19 во Скопје.

Во последните 24 часа се регистрирани 1.158 нови случаи на ковид-19 од
се направени 6.256 тестирањa, соопшти Министерството за здравство.

Во Скопје има 353 нови случаи, Гостивар – 216, Тетово – 122 ,Кичево – 71, Струмица – 69, Куманово – 57, Струга – 42, Охрид – 30, Кавадарци – 26, Дебар – 20, Прилеп – 19, Штип – 15, Битола, Велес и Гевгелија – по 13, Кочани и Ресен – по 10, Свети Николе – 9, Кратово – 8, Пробиштип и Македонски Брод – по 6, Богданци – 5, Берово и Виница – по 4, Радовиш и Делчево – по 3, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Неготино, Крива Паланка, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 166 оздравени пациент.

Пријавени се 19 починати лица: по 6 починати лица од Тетово (54г,65г,74г,74г,79г и 84г), по 5 починати лица од Гостивар(66г,66г,67г,69г и 71г), по 3 починати лица од Куманово (54г,78г и 85г) и по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица(54г), Струга (60г), Свети Николе (83г) и Валандово (85г). Од починатите лица 18 пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 165.684, бројката на оздравени пациенти е 151.401, на починати е 5.608, а бројот на активни случаи изнесува 8.675.