Премиерот Зоран Заев денеска му порача на лидерот на опозицијата Христијан Мицковски дека доколку сака поддршка од сите граѓани треба да се обрати до сите заедници, а не само кон една.
Заев ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање за можната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците и Алтернатива.
„Да продолжиме сите да се враќаме кон граѓаните, се надевам и тој, еднакво за сите. Кога тоа г. Мицковски ќе го прави и ќе настапува во една мултиетничка и мултирелигиска држава тогаш може да очекува поддршка од сите подеднакво. Кога се обраќате само кон една заедница, тогаш може да очекувате поддршка само од таа заедница. Еве изборите се пред нас и јас уште еднаш само ќе потврдам дека причините за кои кажувам ќе победуваме доста долго како коалиција, а тие е губат е токму тој национализам којшто го имаат во една мултиетничка земја, навистина ќе биде причина за следниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ, но секако опозицијата е опозиција, одговорноста е кај владејачките партии, доминантно, изјави денска премиерот Заев.
Тој истакна дека на 17 октомври граѓаните ќе кажат што е најдобро за нив, искажувајќи уверување дека коалицијата на СДСМ ќе биде победник на овие избори. СДСМ, како што кажа Заев, на крајот на оваа или почетокот на следната недела ќе објави нови кандидати за градоначалници. Одлуките ќе бидат донесени најдоцна до вторник 24 август.
Во денешната изјава во Гостивар пак, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, истакна дека СДСМ знаат дека ќе изгубат на следните локални избори и се исплашени затоа што тоа ќе значи создавање на услови за ново владино мнозинство и затоа сега бараат милион изговори за да ги одложат изборите.
„Одложување на изборите подразбира одложување на проблемите, единствен начин да се стави крај на сите проблеми на оваа неспособност и ова политичко мочуриште кое е реалност во Македонија е катастрофата кој ана следните локални избори ќе се случи на СДСМ-ДУИ, тие се исплашени знаат дека ќе изгубат на следните локални избори и со тоа ќе се создадат услови за ново владино мнозинство и сега бараат милиони изговори за да се одложат изборите. Затоа треба да се делува инванзивно. Тоа е огромна победа со здружената опозиција на локалните избори, ново владино мнозинство, потоа луѓе кои знаат како кои се мотивирани, кои што ќе ги засукаат ракавите и чесно ќе работат за граѓаните и државата“, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека сите проблеми на граѓаните во врска и со лични карти и со се друго лежи во пораз на СДСМ на локалните избори. Мицкоски истакна дека нови луѓе со нова визија се она што и требаат на државата и на граѓаните за да може проблемите трајно да се решат.