Талибанците го блокираат пристапот до аеродромот во Кабул

Талибанските борци чуваат стража во Кабул

Странските влади ја продолжуваат евакуацијата на нивните граѓани и Авганистанци кои работеа со нив од Авганистан, во услови на зголемена загриженост дека Талибанците ги блокираат патиштата до аеродромот во Кабул и стравувањата дека денот на независноста на нацијата ќе предизвика повеќе насилство.

Бајден: нема начин да се излезе од Авганистан „без да настане хаос“

Илјадници луѓе се обидоа да го напуштат Авганистан откако тврдокорните исламистички милитанти ја презедоа контролата над главниот град на 15 август, по блиц офанзивата. Талибанските лидери изјавија дека сакаат мир и инклузивна влада - во рамките на вредностите на исламот и ветија дека нема да се одмаздуваат. Но, извештаите велат дека талибанските борци на контролните пунктови околу аеродромот во Кабул ги попречувале дури и оние Авганистанци со валидно овластување да патуваат. Вкупно 12 лица загинаа во и околу аеродромот, соопштија талибанците и претставници на НАТО.

Истрели во Кабул, талибанците растурија протест во Џалалабад

Во Авганистан денеска се одбележува денот на независноста на 19 август, што може да ги зголеми тензиите низ целата земја откако Талибанците интервенираа на анти-талибанските демонстрации на 18 август во источниот град Џалалабад.