Американските здравствени власти препорачаа трета доза на вакцината

дополнителна доза треба да се даде осум месеци по втората доза

Американските здравствени власти објавија план за вакцинирање на граѓаните против ковид-19 за дополнителна доза со цел поголема заштита од делта варијантата на од коронавирус, До ова доаѓа поради доказите дека ефикасноста на вакцината се намалува со текот на времето. Рошел Валенски, директор на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), рече дека дополнителна доза треба да се даде осум месеци по втората доза на Фајзер или Модерна. Дополнителната вакцинација може да започне веќе на 20 септември.

СЗО- не е потребна трета доза вакцина

Здравствените власти рекоа дека на оние кои ја примиле вакцината Џонсон и Џонсон, која се дава во една доза, најверојатно ќе им треба дополнителна, но одлуката ќе биде донесена кога ќе има повеќе податоци. Во соопштението се наведува дека е „многу јасно“ дека заштитата од вакцини против инфекции се намалува со текот на времето. Експертите од Светската здравствена организација остро се спротивставија на американскиот план, нагласувајќи дека сиромашните земји немаат доволно вакцини дури и за првата доза.