Филипче- ако се влоши епидемиолошката состојба ќе прекине наставата со физичко присуство

Наставници со маски држат настава во учебната 2020/2021

Третата доза вакцина против Ковид-19 може да биде од друг производител, а препораката на Комитетот за имунизација согласно ставовите на Американскиот центар за контрола на болести е да се вакцинираат со трета доза тие кои се имунокомпромитирани за дополнителна заштита, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој прецизираше дека се работи за пациентите кај кои е извршена транспалантација и тие кои се на хронична дијализа.

Во гостување на вестите на Канал 5 телевизија министерот рече и дека од 50-тина случаи на новозаразени со Ковид19 на кои е направен скрининг во изминатите денови, две третини отпаѓаат на делта сојот, а една третина на британскиот сој.

На прашање, пак, дали доколку продолжи да се зголемува бројот на заболени ќе се размислува за повлекување на одлуката за настава со физичко присуство на учениците, Филипче рече дека покрај исклучоците ученици со хронични болести и деца кои имаат постари членови со хронични болести имало и трета група - деца кои по барање на родителите од немедицински причини може да упатат барање до училиштето и тоа да дозволи да не одат во училиште.

„Родителот има право да побараат за немедицинска причина и врз основа училиштето да даде или не даде согласност. Тоа што е битно е дека во кој било момент ако настане влошување на епидемиолошката состојба, ќе дадеме препорака да се активиираат некои од останатите веќе спремни механизми на спроведување на наставата, дали тоа ќе биде комбинирано или онлајн ќе зависи исклучиво од епидемиолшката слика. Засега, согласно сегашната ситуација, препораката е учениците да почнат со физичко присуство“, додаде Филипче.

Владата вчера донесе одлука учебната 2021/2022 година да започне со физичко присуство, со полн капацитет, според утврдените и донесени протоколи.