Нови 1081 заразен со ковид19, 15 починати

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 6.802 тестирањa, а регистрирани се 1.081 нови случаи на ковид19. Од новозаразените најмногу се во Скопје – 314, а потоа следуваат Гостивар – 187, Тетово – 160, Куманово – 84, Струмица – 60, Кичево – 47, Охрид – 38, Дебар – 30, Струга – 27, Прилеп – 25, Битола – 20, Штип и Ресен – по 12 и Радовиш – 11. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени.

Пријавени се 15 починати лица. Тројца од Скопје на 37, 43г и 49 години, тројца од Куманово на 46,55 и 63 години, тројца од Тетово на 60,65 и 79 годидни и тројца од Гостивар на 53,69 и 77 години. По еден починат е регистриран во Струмица на 52 години, во Струга на 43 години и Кичево на 77 години. Сите пријавени починати лица се починати во болнички услови.

За истиот период се регистрирани 91 оздравени пациент. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 164.529 бројката на оздравени пациенти е 151.235, на починати е 5.589, а бројот на активни случаи изнесува 7.705.