Меѓународниот кривичен суд е загрижен поради извештаите за насилство во Авганистан

Талибанските борци чуваат стража пред Зелената зона, каде што се наоѓаат повеќето амбасади, откако ја презедоа контролата врз Кабул, 17 август 2021 година

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан изјави дека внимателно ги следи настаните во Авганистан и дека „е загрижен за неодамнешните извештаи за ескалација на насилството во земјата“. Обвинителот Карим Кан додаде дека ги одразува ставовите изразени во Советот за безбедност во врска со инцидентите за кои рече дека може да претставуваат прекршување на меѓународното хуманитарно право. Според него, тоа вклучува обвинувања за „вонсудски егзекуции, како што се убиства заради одмазда на затвореници и поединци кои се предале, прогон на жени и девојки, злосторства против деца и други злосторства врз цивилното население“.

Столтенберг: Талибанците да не го претворат Авганистан во засолниште за терористи

Хашкиот трибунал веќе отвори истрага за злосторства во Авганистан, кои датираат од мај 2003 година. Кан рече дека ги повикал сите страни во земјата целосно да ги почитуваат своите обврски согласно меѓународното хуманитарно право, вклучително и да обезбедат заштита на цивилите. Тој најави дека е подготвен да соработува со сите страни.