Руски воен авион се урна во близина на Москва денеска и се стравува дека тројцата членови на екипажот се загинати. Воениот товарен авион се урнал во близна на градот Николској за време на пробен лет.
Според видеото кое беше објавено на социјалните мрежи снимено од сведок на настанот се гледа пламен од десната страна на авионот при неговото полетување на аеродромот. Веднаш потоа авионот ја изгубил контролата и се урнал во пошумената област.
Руската корпорација за изградба на авиони соопшти дека единствениот експериментален примерок од воениот товарен авион ИЛ-112В се урнал најверојатно откако почнал да гори еден од моторите на авионот. Според нивното соопштение спасувачи и пожарникари работат на гаснење на пожарот на местото на несреќата, додека судбината на членовите на екипажот засега останува непозната.
Портпаролката на Истражниот комитет Јелена Марковскаја изјави дека истражители се испратени на местото за да ја испитаат несреќата.
Ил-112В е првиот воен транспортен авион развиен во Русија „од нула“ во постсоветскиот период. Неговиот развој започна во раните 1990 -ти и се соочуваше со постојани тешкотии поради недостаток на средства. Се очекуваше авионот да биде прикажан на меѓународниот воено -технички форум Армија 2021 година во Московскиот регион. Форумот трае од 22-28 август.