Барање за дополнителни 200 цивили од Авганистан за привремено сместување на македонска територија е пристигнато до Владата од Националниот демократски институт до Владата изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Претходно до македонската Влада беше пристигнато барање за 185 граѓани од Авганистан. Османи појасни дека станува збор, пред се, за жени и деца на активисти вработени во НДИ во Авганистан. Списоците ги третираат надлежните служби, МНР, МВР и согласно на тоа ќе се одговори на тие барања, вели Османи.
Заев: Спремни сме да прифатиме цивилно население од Авганистан
„Во однос на цивилите од Авганистан за коишто државата се понуди да прими привремено дел од нив во државата, дека за одредена бројка за којашто има барање од страна на меѓународни агенции и организации, пристигна исто така вчера и дополнителна листа од НДИ. Тој список се обработува од страна на МНР, од страна на надлежните служби и ќе се постапи по нив. Како се даваат одобренијата, така граѓаните можат да пристигнат. Меѓутоа имајќи предвид дека бројот на летови од Кабул е значително ограничен, оттука не можеме да кажеме кога точно тие цивили би пристигнале во државата, но потоа ќе бидат третирани согласно внатрешните правила на однесување и ќе бидат сместени во капацитети коишто ќе бидат обезбедени, изјави Османи на прес-конференцијата во МНР.
Македонците се евакуираат од Кабул- поделби за приемот на Авганистанци
Во однос на сместувањето, Османи посочи дека Координативното тело во Влада, веќе прави список на сместувачки капацитети коишто покажуваат интерес и имаат можност да ги прифатат овие цивили, а трошоците ќе им бидат платени.