Министерката Мила Царовска очекува дека Владата на седница денеска ќе донесе одлука за почеток на учебната 2021/2022 година со физичко присуство на наставата. Овој преглог доаѓа од Главниот кризен штаб кој вчера на состанок оцени дека се создадени услови за отворање на училиштата.
Тоа ќе значи дека од 1 септември сите ученици од прво до деветто во основно и учениците во средните училишта ќе се вратат во училишните клупи. Минатата учебна година на настава физички присуствуваа само учениците до трето одделение и повозрасни ученици во мали училишта односно подрачни и во рурални средини, а другите следеа онлајн-настава.
Децата да се вратат во школите повикуваат УНИЦЕФ и УНЕСКО
Исклучок од новата одлука за настава во училиште може бидат учениците со хронични болести или кои имаат член во семејството со хронична болест. Онлајн-настава ќе следат и оние ученици кои ќе бидат во изолација.
Се спремаат протоколите за училишна настава од септември
„Училиштата се веќе обучени, има протоколи, лани беа отворени за помалите ученици и немавме инциденти на интерно ширење на вирусот. Затоа, за оваа година, во интерес на учениците, Кризниот штаб препорача и денеска имаме владина седница на која очекувам дека ќе биде потврдена одлуката, изјави денеска Царовска на новинарско прашање при посета на ОУ со ресурсен центар „Иднина“.
Во однос на имунизацијата на наставниот кадар досега над 62 отсто се вакцинирани.
„Презадоволна ќе бидам ако постигнеме 80 проценти. Наставниците се враќаат од одмор и сигурна сум дека ќе има уште една поголема акција на вакцинирање до 1 септември и уште побезбедно ќе се чувствуваме во училиштата“, истакна Царовска.
Кафулињата се знае како ќе работат, а училиштата не
Министерката посочи и дека постојано ќе се следат препораките од Комисијата за заштита од заразни болести, а доколку дојде до влошување на состојбата и се зголеми ризикот, потсети дека МОН е подготвено и за две други сценација кои ги претстави минатиот месец – онлајн-настава и комбинирано следење на наставата односно неделно ротирање на групи ученици за настава во училиште и онлајн.
Таа не очекува да биде проблем тоа што учениците ќе треба часовите да ги следат со заштитна маска, како што вели, малите ученици лани ги носеле во училница и бргу се навикнале на обврската.