Македонија протерала уште еден руски дипломат, потврди денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, но не откри детали, бидејќи, како што нагласи, „информациите од тој тип се обично од доверлив карактер“.
„Министерството за надворешни работи (МНР) секогаш кога ќе добие потврдени и документирани информации за однесување на акредитирани странски дипломати што е спротивно на принципите на Виенската конвецнција презема мерки за заштита на својата национална безбедност, но и на сојузниците во сојузот во кој припаѓаме, така да информацијата е точна. Бидејќи информациите од тој тип се обично од доверлив карактер не можам да влезам во детали“, рече Османи.
Видете и ова: Русија протера македонски дипломат, за МНР ова е политичка одмаздаПретходно во мај годинава беше протеран руски дипломат од Амбасадата на Руската федерација во Скопје, со образложение дека биле утврдени „постапки несоодветни со дипломатскиот статус“. Според тогашната изјава на министерот Османи, тие постапки биле „документирани, истражени и потврдени од Министерството за надворешни работи“.
На тоа протерување Русија во јуни одговори реципрочно и од Москва протера македонски дипломат. Тогаш од македонското МНР објавија дека вршителот на работите во македонската амбасада во Москва, Оливера Чаушевска- Димовска, била повикана во руското МНР каде ѝ била врачена Нота за прогласување 'персона нон грата' на наш дипломат - аташе од Амбасада на Македонија во Москва.