МЗ ги објави опциите како да покажете дека сте вакцинирани

Илустрација

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека на вакцинираните граѓани на располагање им се ставени повеќе опции со кои може лесно да стигнат до документ дека се имунизирани. Веќе од вчера, во угостителски објекти или на други настани, каде има повеќе од 30 луѓе, дозволен е влез само за граѓани кои се вакцинирани, со две дози вакцина, примиле една доза вакцина, или пак прележале ковид-19, пред 45 дена.

Потврдата за прележан ковид-19, може да ја извадат единствено граѓани кои се заведени во ИЈЗ дека биле заразени со вирусот, а потврди освен на вакцинација.мк, може да извадат и кај својот матичен лекар. Националниот сертификат за вакцинација, исто така може да го извадат од сопствениот профил на бев страницата вакцинација.мк, а сличен е принципот и за вадење на „Комонпас“ ,за кој има и мобилна апликација, а со која исто така може да влезат во објектите опфатени со мерките.

Министерството за здравство апелира и ги повикува граѓаните да се вакцинираат.