Десничарскиот словенечки премиер Јанез Јанша го опиша хаосот во Авганистан и предавањето модерно оружје на Талибанците како „најголем пораз во историјата на НАТО“. Јанша во порака на Твитер напиша дека оставањето на авганистанските сојузници на талибанците е „срамен чин“. Ова е „симбол на крајот на една ера“, рече Јанша, кој, според АП, е познат како поддржувач на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Бајден-Стојам зад одлуката за повлекување на Американците од Авганистан
Администрацијата на претседателот Џо Бајден и голем дел од меѓународната заедница беа изненадени од Талибанците и брзината со која бунтовниците ја презедоа власта, две недели пред планираното целосно повлекување на американските војници од Авганистан по скапата 20-годишна војна.