Вонредна седница на бугарскиот парламент за полициското насилство

седница на бугарскиот парламент

Претседателката на бугарскиот парламент Ива Митева за денеска свика вонредна седница на која ќе се расправа за полицискиот скандал со насилство врз демонстранти и за преземени чекори во врска со тоа на бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков. Во изјавата објавена на веб-страницата на бугарскиот парламент Митева наведува дека со огорченост, болка и вознемиреност ги гледала видео снимките од насилството врз младите демонстранти летото 2020 година.

„Има таков народ“ нема да поддржи влада од трет мандат во Бугарија

Според Митева, бугарскиот Парламент не може да се држи настрана од она што е прикажано на видеата. На седницата пратениците ќе го слушнат министерот за внатрешни работи на Бугарија Бојко Рашков за тоа што е направено за да се идентификуваат сторителите полицаец и какви се казните. Темата стана централна не само за медиумите, туку и за парламентарните партии во Народното собрание на Бугарија. Сите освен ГЕРБ и ДПС побараа објективна истрага и казна за полицајците кои претепаа мирни демонстранти за време на минатогодишните протести против владеењето на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.