Аеродромот во Кабул беше отворен рано изутрината откако летовите беа прекинати претходниот ден поради нарушување на безбедноста што ги прекина операциите за евакуација, соопшти Пентагон. Хаосот избувна на аеродромот вчера, кога илјадници исплашени Авганистанци го преполнија аеродромот во очајнички обид да фатат лет надвор од земјата, што ги натера американската војска и меѓународните сили привремено да ги прекинат летовите за расчистување на аеродромот. Најмалку седум лица загинаа во нередите на аеродромот.
Бајден-Стојам зад одлуката за повлекување на Американците од Авганистан
Генерал-мајор Хенк Тејлор, специјалист за логистика во Здружениот началник на Генералштабот на Пентагон, изјави дека Соединетите држави се „задолжени за контрола на летањето“ на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи за воени и комерцијални летови. Авганистанската влада падна откако претседателот Ашраф Гани избега во странство на 15 август, кога талибанците го зазедоа Кабул - последниот голем град во Авганистан во офанзивата на Талибанците.
Хаос на аеродромот во Кабул, седумина загинати
Западните влади се обидуваат да ги евакуираат своите државјани, Авганистанците кои работеа заедно со нив, и други за кои се смета дека се под опасност од талибанската власт. Откако аеродромот беше повторно отворен, првиот од трите германски авиони испратени во Авганистан замина од Кабул со евакуирани лица. Германската војска соопшти дека летовите ќе се одвиваат помеѓу Кабул и главниот град на Узбекистан, Ташкент, со цел да се забрза евакуацијата. Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека Франција нема да ги напушти Авганистанците кои работеле за неговата земја, како и уметници, активисти и други под закана од Талибанците.