Бајден-Стојам зад одлуката за повлекување на Американците од Авганистан

Американскиот претседател Џо Бајден во првото обраќање посветено на состојбата во Авганистан по заземањето на Кабул од Талибанците

Американскиот претседател Џо Бајден на денешната прес конференција изјави дека сцените во Авганистан се „вознемирувачки“ и дека настаните околу заземањето на власта од страна на Талибанците во земјата зафатена од војна се одвиваа побрзо отколку што се мислело дека ќе се случи, но и покрај тоа тој стои зад својата одлука да ги повлече американските војници. Вашингтон досега и даде многу шанси на авганистанската војска да се спротивстави и да успее во спротивставување против милитантите.

Во својот прв јавен коментар на Бајден откако Талибанците ја презедоа власта во Кабул, Бајден истакна дека националниот интерес на САД во Авганистан секогаш се однесувал првенствено на спречување на терористички напади врз татковината.

„Мисијата во Авганистан никогаш не требаше да биде изградба на нацијата. Јас стојам зад мојата одлука. По 20 години, научив на потешкиот начин дека никогаш не било добро време за повлекување на американските сили", додаде тој во телевизиско обраќање од Белата куќа.

Авганистанската влада „падна“ по бегството на претседателот Ашраф Гани, по што Талибанците го зазедоа Кабул, последниот голем град во Авганистан што се спротивставуваше на нападите на Талибанците.