Рускиот амбасадор во Кабул Дмитри Жирнов утре ќе се сретне со претставници на Талибанците. Високиот руски функционер Замир Кабулов за руските медиуми изјави дека амбасадорот ќе се сретне со претставници на Талибанците во Кабул со цел разговор околу безбедноста на руската амбасада и персоналот во неа во главниот град на Авганистан.
Иако Москва првично рече дека нема да го промени бројот на персоналот во амбасадата, Кабулов денеска најави дека на некои вработени во амбасадата ќе им биде даден платен одмор или ќе бидат евакуирани за да се намали бројот на луѓе присутни за време на немирите.
"Авганистанската војска која ја чуваше амбасадата си замина. Талибанските претставници не уверија дека нема влакно да им фали на руските дипломати, и дека тие ќе можат безбедно да продолжат со работата таму, ", изјави Жирнов вчера во телевизиско интервју.
Се проценува дека руската амбасада има околу 100 вработени во амбсадата во Кабул. Еден ден претходно, Талибанците објавија дека ја презеле контролата врз авганистанскиот главен град Кабул, откако во изминативе неколку недели зазедоа голем дел од земјата.