Фокусот на Германија мора да биде на операцијата за евакуација во Авганистан, им рече денеска германската канцеларка Ангела Меркел на лидерите на партијата Христијанско-демократска унија, пренесува Ројтерс.
„Сведоци сме на тешки времиња“, рече Меркел. Сега мораме да се фокусираме на спасувачката мисија “, додаде таа.
Германија планира да испрати војници во Авганистан за да ги евакуираат Германците и Авганистанците, откако талибанците ја преземаа власта, наведува АФП од парламентарни извори.
Планирано е да се воспостави воздушен мост што ќе овозможи евакуација на 2.000 Авганистанци кои работеа за Германците. Внимание ќе се посвети особено на жените во ризик, активистите за човекови права и вработените во невладини организации.
Германската влада планира евакуацијата да ја спроведе до 31 август, но не исклучува дека тоа би можело да биде и порано.
Талибанците објавија дека војната во Авганистан завршила откако нивните борци влегле во Кабул на 15 август, а многу Авганистанци и странски државјани, во страв од новата влада, се обидуваат да ја напуштат земјата.