Властите на Хаити соопштија дека скоро 1.300 луѓе загинале, а повеќе од 5.700 биле повредени во земјотресот со сила од 7,2 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Карипската земја на 14 август. Болниците на Хаити се преполни со големи број повредени. Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека има повеќе од 700 урнати згради, вклучително и болници и училишта, уништени се најмалку 3.778 домови и причинета е значителна штета на патишта и другата инфраструктура.
Бројката на жртви од земјотресот во Хаити се искачи на 304 лица
Соседните земји, вклучително и Доминиканската Република и Мексико, побрзаа да испратат храна и лекови преку воздух и преку копнената граница на Хаити. Колумбија испратила персонал за пребарување и спасување. Соединетите држави испратија резерви и распоредија урбан тим за пребарување и спасување на 65 лица со специјализирана опрема, рече Саманта Пауер, администраторка на Агенцијата на САД за меѓународен развој.