Џонсон: никој не смее да ја признае владата на Талибанците

британскиот премиер Борис Џонсон

Никој не смее да ги признае Талибанците како влада на Авганистан, рече британскиот премиер Борис Џонсон на 15 август, додавајќи дека е јасно дека наскоро ќе има нова администрација во земјата. „Не сакаме некој билатерално да ги признае Талибанците. Сакаме обединета позиција околу ова прашање“, рече Џонсон кој го повика парламентот од летната пауза за да разговара за ситуацијата во Авганистан.

Заев: Спремни сме да прифатиме цивилно население од Авганистан

Лондон распореди околу 600 војници за да помогнат во евакуацијата на околу 3.000 државјани од земјата, а Џонсон рече дека „огромниот дел“ од преостанатиот персонал на амбасадата во Кабул ќе се врати во Британија. Џонсон на 13 август вети дека Британија нема да му го „сврти грбот“ на Авганистан, иако го потврди непосредното повлекување на повеќето вработени во амбасадата во пресрет на брзиот напад на Талибанците.