Постапката за собирањето потписи на избирачите за кандидирање на локалните избори започнува денеска согласно Роковникот на Државната изборна комисија, а завршува на 30 август на полноќ. Потписите се собираат пред службените лица на ДИК и пред надлежен нотар на образец утврден од Комисијата во терминот од 8 до 20:00 часот, а на 30 август до полноќ. Секој избирач својот потпис може да го даде за повеќе листи на кандидат за градоначалник. Избирачите кои ја поднесуваат листата треба да имаат избирачко право и постојано живеалиште на подрачјето на општината.
Граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ ќе собира потписи за изборите
Кога подносител на листа на кандидат за градоначалник е група избирачи, потребно е да се соберат во општината до 10.000 жители најмалку 100 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината, во општината од 10.001 до 30.000 жители најмалку 150 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината, во општината од 30.001 до 50.000 жители најмалку 250 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината, во општината од 50.001 до 100.000 жители најмалку 350 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината, во општината над 100.001 жители најмалку 450 потписи од запишаните избирачи.
Даштевски: Подготовките за локалните избори навремени
Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ОИК. Доколку ДИК утврди дека листата е составена согласно Изборниот законик ја потврдува во рок од 24 часа, додека доколку се утврдат неправилности или пропусти им се дава 48 часа на подносителите да ги отстранат. Откако ќе се констатира дека листата е во согласност со Изборниот законик се потврдува со решение. Кампањата за локалните избори започнува на 27 септември на полноќ и трае до полноќ на 15 октомври.