Талибански лидер: премногу рано e да се каже како групата ќе го преземе управувањето

Талибанци во претседателската палата во Авганистан

Талибански лидер денеска рече дека е прерано да се каже како бунтовничката група ќе го преземе управувањето во Авганистан. „Сакаме сите странски сили да си заминат пред да започнеме со преструктуирање на управувањето“, рече лидерот за Ројтерс по телефон. Тој не сакаше да биде именуван. Тој, исто така, рече дека талибанските борци во Кабул биле предупредени да не ги плашат цивилите и да им дозволат да продолжат со нормалните активности.

„Немаме избор“: илјадници Авганистанци бегаат пред талибанците

Во меѓувреме, авганистанските лидери формираа координативен совет за да се состанат со Талибанците и да ја пренесат власта, по брзата офанзива на верските бунтовници кои заземаа поголем дел од земјата за нешто повеќе од една недела и влегоа во главниот град Кабул. Во изјавата објавена на социјалните медиуми, поранешниот претседател Хамид Карзаи рече дека со телото ќе раководат тој самит, шефот на Високиот совет за национално помирување, Абдула Абдула, како и шефот на Хизб-ислами, Гулбудин Кематјар. Карзаи рече дека овој потег е направен со цел „да се спречи хаосот и да се намалат страдањата на луѓето“ и да се одржи мирот и „мирниот трансфер“.

Талибанците влегоа во Кабул откако претседателот го напушти Авганистан


Претходно, авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата, потврди претходно Абдула Абдула.Претседателот Ашраф Гани ја напушти земјата во неделата, додека исламистичките милитанти практично без отпор влегоа во главниот град, велејќи дека сакаат да избегне крвопролевање. „Денес е голем ден за авганистанскиот народ и муџахедините. Тие беа сведоци на плодовите на нивните напори и нивните жртви веќе 20 години“, изјави Мохамед Наим, портпарол на талибанската политичка канцеларија, за ТВ Ал Џезира.