Дваесет и осум годишна медицинска сестра вработена во кичевската Општа болница, почина од компликации од Ковид 19. Таа со тешка клиничка слика пред три дена била префрлена на скопските клиники. Била вработена во матичната служба, потврдија од Општата болница во Кичево, од каде информираа дека сестрата не била вакцинирана против Ковид 19. Ова е трет случај на починат од ковид за краток период во овој град, откако претходно починаа двајца постари жители на градот 72 и 74 години.
„И во трите случаи пациентите починале во болниците во главниот град“, потврдија од кичевската болница.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 9.270 тестирањa, а регистрирани се 792 нови случаи на Ковид-19. Оздравени сe 104 пациенти, а пријавени се 10 починати лица.