Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 9.270 тестирањa, а регистрирани се 792 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје 245, потоа во Тетово 136. Оздравени сe 104 пациенти, а пријавени се 10 починати лица. Битката со болеста ја загубиле 4 лица од Гостивар (44г,65г,69г и 74г), 3 од Скопје (33г,71г и 83г), 2 од Тетово (67г и 84г) и едно починато лице од Куманово (60г). Сите починати лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.055.312 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 161.359 бројката на оздравени пациенти е 150.774, на починати е 5.542, а бројот на активни случаи изнесува 5.043.