Бугарската политичка партија „Има таков народ“ која што доби најмногу галсови на последните избори нема да поддржи влада со трет мандат, изјави лидерот на партијата Слави Трифонов.
На прашањето дали е можно партијата да ја поддржи оваа влада во третиот мандат на која било политичка сила, Трифонов рече: „Кога ме видовте да кажам едно, а потоа да направам нешто друго?
„Мислам дека дадовме се од себе со мандатот „Има таков народ“ да имаме влада, постигнавме договор за скоро сите точки, и тие имаа можност да дејствуваат чесно и национално одговорно, и да не поддржат, а ние да имаме влада; сега не гледам зошто треба да е спротивно“, рече Трифонов.
Според него, дури и ако претседателот побара поддршка за влада предложена со трет мандат, партијата нема да ја поддржи.
Кандидатот за премиер на Бугарија Пламен Николов предложен од политичката партија „Има таков народ“ ја повлече својата согласност да биде мандатар. На изборите на 11 јули, „Има таков народ“ освои 65 пратеници во 240-члениот бугарски парламент.