Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави дека нема да се откаже од „достигнувањата“ во последните 20 години и дека „консултации“ се во тек. Тој одржа кратко телевизиско обраќање, што е негов прв јавен настап, неколку дена по големиот напредок на талибанците.
Бунтовниците го зазедоа поголемиот дел од северен, западен и јужен Авганистан и се борат со владините сили јужно од Кабул. САД треба да ги повлечат своите последни сили до 31 август, предизвикувајќи прашања за опстанокот на владата на Гани, поддржана од Запад.
Aмериканските војници почнаа да пристигнуваат во Кабул за да помогнат во евакуацијата на персоналот на американската амбасада и да го обезбедат аеродромот во услови на брза офанзива на талибанците и борби околу голем северен авганистански град.