Заменик -државниот секретар на САД, Венди Шерман дипломат ја повика Белорусија да престане да дозволува мигрантите илегално да преминуваат во Литванија и другите соседни земји. Таа по телефонскиот разговор со литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсберг изјави дека белорускиот претседател Александар Лукашенко треба „веднаш да ја прекине кампањата за организирање нерегуларни мигрантски текови преку нејзините граници“. Шерман, исто така, ја потврди поддршката на САД за белоруското продемократско движење.
Во Литванија од минатиот месец се забележува пораст на претежно ирачки мигранти кои ја минуваат границата со Белорусија. Во последните недели Летонија и Полска беа сведоци на сличен бран, што ги натера властите во земјите- членки на ЕУ да ја зајакнат својата гранична безбедност.
Полска, балтичките држави и претставници на ЕУ соопштија дека мигрантските текови се оркестрирани од Лукашенко како одмазда за санкциите на ЕУ поради задушувањето на продемократското движење во земјата од страна на неговата влада.
Европската унија на 10 август соопшти дека се надева на стабилизација на ситуацијата откако Ирак ги прекина летовите од Багдад до Минск. Литванскиот претседател Гитанас Науседа вчера потпиша указ со кој се бара распоредување на припадници на вооружените сили на границата за да се спротивстави на зголемувањето на илегалната миграција.
Околу 4.026 лица илегално преминале во Литванија од Белорусија оваа година, соопшти литванското министерство за внатрешни работи на 3 август. За разлика од само 74 од минатата година.