Во Грција денеска се регистрирани 3.493 нови случаи на Ковид-19, починаа 24 лица, 235 се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници, а хоспитализирани 255 лица, 27,5 отсто повеќе од вчера. Од новите случаи, 12 се увезени, а најголемиот број, односно 927 се во Атика, поширокиот регион на Атина, 441 на Крит и 316 во Солун.
Во Србија регистрирани се 1.072 нови случаи, а шест лица починаа како резултат на инфекцијата. Во болниците има 831 лице, а 25 лице се наоѓаат на апарати за дишење.
Во Црна Гора, пак, се регистрирани 354 новозаразени, од кои 56 туристи. Во Косово бројката на новозаразени исто така премина 1000. Во последните 24 часа направени се 7424 тестови, а позитивни се 1128 луѓе. За истиот период починале тројца.
Во регионот најголема четиринаесет дневна инциденца на нови случаи на 100 000 жители има во Црна Гора, Косово и Македонија.