Граѓаните да не патуваат во Авганистан, а доколку моментално се наоѓаат таму, заради лична безбедност веднаш да заминат, препорачува македонското Министерството за надворешни работи. Препораката се упатува заради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Авганистан, велат од МНР.
Од Министерството ги повикуваат сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732
По офанзивата на талибанците многу земји ги повикаа своите државјани да го напуштат Авганистан.
Од први мај почна офанзивата на талибанците низ Авганистан, откако САД и сојузниците почнаа со најавеното повлекување на своите трупи од земјата. Повлекувањето треба да заврши до крајот на месецот. Како се наближува тој рок, талибанците заземаат сè поголема територија од Авганистан.