Стејт департмент: заедничкиот регионален пазар клучен за просперитетот на Балканот

Српскиот претседател Александар Вучиќ, македонскиот премиер Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама во Скопје, 29 јули 2021 година

Соединетите држави со цело срце ги поддржуваат напорите на Западен Балкан за продлабочување и зајакнување на инклузивната регионална економска интеграција во согласност со правилата и стандардите на Европската унија, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс. „Ги охрабруваме регионалните лидери да бараат можности за намалување на трговските бариери, зголемување на економската конкурентност и изградба на регионално интегрирани и издржливи економии што ќе го обезбедат она што им е потребно на граѓаните“, рече тој за Гласот на Америка запрашан да ја коментира позицијата на САД за иницијативата Отворен Балкан од една и за Берлински процес од друга страна.

САД: Косово со „отворен ум“ да им пристапи на иницијативите за регионална интеграција

Србија, Албанија и Северна Македонија продолжуваат да работат на нивната иницијатива Отворен Балкан, која досега не доби поддршка од другите балкански земји. Косовскиот премиер Албин Курти отворено ја критикуваше иницијативата, нарекувајќи ја „иницијатива отворена за руските интереси“. Други критичари велат дека нема потреба од тоа, бидејќи веќе постои механизам за пообемна соработка во регионот, Берлинскиот процес.